top of page

Игротека Планета Среќа: Создадовме магичен свет каде секој момент е повик за авантура, а секоја игра е прилика за учење и развој!

Кога го креиравме концептот за првата “Планета среќа” бевме водени не само од мислата дека треба да создадеме простор во кој децата ќе трошат енергија, туку што е уште поважно, сакавме да ја поддржиме природната потреба на децата за создавање и истражување и бевме инспирирани од детскиот порив и за осознавање на светот на возрасните, за учење и развивање. 



Целиот простор е дизајниран во смирени бои и организиран на тој начин да влијае релаксирачки на децата и возразните, па оттаму поттикнува и такот тип на игра во кој се отвараат нови перспекриви на размислување и тимски дух. 

Тоа е причината и што во концептот преовладуваат реквизити за игра со улоги: ординација каде дечињата заеднички играат доктори и пациенти, работичница каде градат и создаваат свој свет, кафе ресторан каде готват и ги послужуваат своите гости, маркет во кој пазаруваат, продаваат, а истовремено ги учат намирниците кои се дел од нашето секојдневно мени, бина со инструменти каде и тие и нивните родители се запизнаваат со можеби вродените музички таленти… 

Сакавме да создадеме магичен свет во кој секој момент е повик за авантура, а секоја игра е прилика за учење и развој. И да, навистина успеавме во тоа! 

Играњето улоги е нешто што децата го обожаваат, бидејќи на тој начин влегуваат во светот на возрасните од кој се нетрпеливи да бидат дел, а од друга страна овој тип игри имаат повеќекратна полза за развојот на децата. Меѓу другото на тој начин дечињата развиваат емпатија и учат да ги доживуваат ситуациите од друга перспектива, а тоа помага подобро да ги разберат чувствата и реакциите на другите. Дополнителни овој начин на игра ги зајакнува и комуникациските и социјалните вештини кај децата, развиваат самодоверба, ги истражуваат сопствените можности и граници…


Она во што бевме сигурни беше тоа дека сакаме дечињата од нашата планета да си заминат побогати за нови искуства, нови знаења и убави спомени. 

Така започна и приказната со креативните дружби која особено доаѓа до израз во овој период од годината каде секој викенд организираме празнични работилници испилнети со многу забава, но и уникатни ракотворби кои ги создаваме со нашите мали големи креативци. Во текот на овој декември ќе правиме колачиња, елки, новогодишни украси, а секако неминовна е и забавата со омилениот лик на дечињата - Дедо Мраз. 


Ново и интересно овој месец е дека секое детенце кое ќе дојде на дружба во периодите кога сме отворени за слободна игра ќе добие гребка во која се крие сигурна награда. Исто така секој ден имаме по еден час предвиден за креативни активности во игротеката лоцирана во Кисела Вода. 



Она со што можеме да се пофалиме е дека нашето среќно катче е безбедно за секоја возраст па дури и за најмалите, чисто, соодветно климатизирани и зрачи со спокој. А за дополнително да ги поштедиме родителите од непотребно трошење енергија обезбедивме и приватен паркинг достапен во секое време за нашите посетители.

Особено ни е драго што не препознаа, прифатија и создадовме пријателства кои траат!


За крај, на лето ве покануваме на дружење во нашиот двор дизајниран за совршено уживање, а до тогаш ќе се воодушевувавме на празничната магија.


Работно време

пон-пет: 16:00-21:00

саб-нед: 12:00-21:00

📞071 259 059 и 071 378 262


bottom of page