top of page

Др. Драгана Емел Маркоска: Малите знаци што многу родители ги пропуштаат – дехидрација кај децата

Updated: Nov 14

Д-р Драгана Емел Маркоска, специјалист по педијатрија во ПЗУ „Јуниор Мед“ – Скопје, со повеќе од дваесет години искуство во областа на детското здравје, нагласува дека дехидрацијата е една од најчестите, но често и најпотценети состојби кај децата.

Во својата секојдневна работа со најмладите пациенти, таа истакнува дека многу родители не ги препознаваат навреме првите знаци на губење течности, што може да доведе до посериозни здравствени последици. Во продолжение, таа објаснува како да се препознае дехидрацијата, кои се најчестите причини и зошто навремената реакција и превенцијата се од суштинско значење за доброто на секое дете.


ree

Дехидрацијата е значаен губиток на течност од организмот. Освен вода се губат и електролити.


Електролитите меѓу другите функции обезбедуваат и правилна распределба на вода во организмот како и правилно одвивање на биохемиските процеси во нашиот организам. Примарни електролити се натриум, калиум, магнезиум, хлор, калциум, хидрогенкарбонат и фосфати.


Во нашиот организам за цело време постојат процеси со кои се губи дел од водата и електролитите но и процеси со кои тие се надополнуваат и на тој начин постои една рамнотежа во нашиот организам. Доколку од одредени причини настане негативен баланс т.е. губитокот на вода и електролити е поголем од внесот настанува процес на ДЕХИДРАЦИЈА.


Причини поради кои може да настане губитокот се:

  • Покачена телесна температура

  • Хипервентилација

  • Потење - за секое покачување на надворешната температура над 30 степени Целзиусови треба да се зголеми внесот на течности за 30мл/кг ТТ

  • Повраќање

  • Пролив Одредени други нарушувања на ГИТ

  • Полиурија


Најчесто дехидрацијата настанува поради повраќање, пролив и фебрилност или со комбинирање на овие фактори. Многу ретко другите се среќаваат како фактор за настанување на дехидрацијата.


При појава на дехидрација треба да имаме на ум дека освен губиток на вода има и губиток на електролити па така велиме дека има три типа на дехидрација- изоосмоларна, хиперосмоларна и хипоосмоларна дехидрација.Дали ќе се развие дехидрацијја и која зависи и од губитокот на водата и електролитите но и од внесот на течност кое детето го прими во тие моменти како и од заштитните механизми кои се активираат и се појавуваат во овие моменти.


Симптомите на дехидрацијата зависат во прв ред од степенот на истата т.е. од величината на актуелниот дефицит. Потојат три степени на дехидрација - благ, умерен и тежок степен на дехидрација. Степенот на дехидрацијата се одредува врз основа на клиничката слика и знаците кои се присутни. Симптоми на дехидрацијата се : пропаднати(вовлечени) очи, подочњаци, сув јазик, сува уста, жед, намалено уринирање или сува пелена кај бебиња, вовлечена фонтанела кај бебињата, плачење без солзи, бледило на кожата, сува слузница, намален тургор на кожата, пад на телесната маса, забрзано дишење, забрзан пулс, поспаност, летаргичност, поспаност.


Во летните месеци како најчести инфекции во детската возраст се вирозите кои предизвикуваат проливи и повраќања. Тие започнуваат оддеднаш со појава на фебрлиност повраќање и пролив после контакт со други деца. Доколку се појават овие симптоми не е потребно веднаш да се оди на лекар туку најдобро е да се контактира вашиот матичен педијатар и во договор со истиот да се запошне домачно лекување.


Симптоми и знаци кои би ви укажале веднаш да се јавите на лекар се висока температура над 39,5 и не може да се намали, повраќање и пролив кои не може да се контролира, крв во столицата, абдоминални болки кои не се намалуваат, зголемено уринирање.


ree

Најдобро е доколку сте во можност првиот преглед при вакви состојби да биде кај матичниот педијатар/лекар. При овој преглед врз основа на анамнезата изнаците како и ако е потребно одредени лабораториски иследувања се утврдува степенот на дехидрацијата.


Потоа се започнува со лекување. Најчесто станува збор за лесен или умерено тежок степен на дехидрација и состојбата на детето дозволува да се започне лекува со орална рехидрација, односно со елетролитен раствор кој се раствара во вода и му се дава на детето. Овој раствор се дава голтка по голтка или мала количина па пауза малку па повторно се продолжува со истата. Кој електролитен раствор и во колкава количина ќе се употреби одредува лекарот во зависност од состојбата на детето. Сепак при изборот на електролитот некогаш се внимава и на вкусот да е привлечен за децата за да соработката со родителите биде успешна. За да оваа дехидрација и нејзиното лекување завршат дома е многу важна соработката меѓу лекарот, детето но и родителот.


ree

Доколку станува збор за доенче или дете кое сеуште цица тогаш се препорачува доење почесто а пократко и ако има потреба електролитен раствор. Тешкиот степен на дехидрација или умерен степен на дехидрација кај деца кои не соработуваат се лекуваат во болнички услови со интреавенска рехидрација.


Најважно од се е да знаеме како да се спречи дехидрацијата - доколку се најдете во услови кога вашето дете повраќа или има пролив го нудиме детето со течност и храна, се советуваме со лекарот и почнуваме да му даваме и електролитен раствор.


Како да одбереме кој електролитен раствор ќе му го дадеме на нашето дете - прво што ни одредува е начинот на кој се раствара и во која количина на вода се раствара, вкусот но и пожелно е да во тој раствор има помала количина на натриум поради спречување на настанување на една состојба - хипернатремиска дехидрација. Значи во изборот на електролитот најдобра е да ни помогне нашиот матичен педијатар/лекар или доколку не сте во можност тоа да го направите фармацевтот во вашата омилена аптека.

bottom of page