top of page

Домот не бара совршенство туку длабоко присуство (Дома со Леа)

Тогаш и она што не го кажуваме - е чуено и прифатено.


Понекогаш најтешко е кога изгледа дека сè е „во ред“. Нема кавги, нема викање, нема кршење чинии. Сите зборуваат тивко, денот оди по распоред, децата се нахранети, домот мириса на вечера. И само ти, во себе, чувствуваш некој немир, некоја тишина која што те тревожи.


Таа тишина нема име, нема збор со кој можеш да ја опишеш, само е нешто што чека да биде слушнато и видено. И на нејзе се пласти секоја следна реченица што не ја кажуваш за да не повредиш некого, секој збор што го одмолчуваш, секоја болка што ја криеш зад насмевката затоа што „нема смисла пак да почнуваме од почеток“.


ree

Велат, мајките ја одржуваат топлината во домот. И можеби навистина е така. Ние ја чуваме, ја распоредуваме меѓу сите, таму кај што е најпотребно внимаваме да не згасне. Но, никој не зборува за тоа колку е тешко кога таа топлина не се враќа назад. Кога стануваш точка околу која сите се смируваат, а ти постепено се губиш во улогите, обврските, очекувањата.


Домот не бара совршенство. Тој бара твое целосно присуство. Целосно, да има место и за твојот глас, и за твојата тишина. Да може да се зборува за непријатните нешта без да се распадне љубовта. Да се почувствува дека зад сите тие 

„јас ќе средам“, 

„не се секирајте“, 

„само да не се караат“, 

постои една жена што треба да биде видена не само како мајка, ќерка, снаа, туку како личност и индивидуа во полн сјај на својата нова улога.


Кога ќе дозволиш тоа да почне да се случува - тогаш нештата ќе почнат да се менуваат:


Ќе забележиш дека кавгите не се твои непријатели, туку се повици за зближување. 

Дека тишината не мора да значи мир, туку може да биде шанса да се чуе немир кој е посуптилен, кој доаѓа од подлабоко. 

Дека децата не сакаат совршена мајка, туку присутна мајка. 

Дека не е потчинетост, туку искреност она што ќе го извлече најдоброто од партнерот.


ree

Секој дом е жив систем, со свои закони, лојалности, болки и љубови што се пренесуваат низ генерации. И кога една жена ќе почне да гледа на тоа со разбирање, наместо со вина, целиот систем почнува да се менува. Затоа што нејзиното присуство носи јасност.

А, таму каде што има јасност, и она што не е кажано конечно може да се чуе.



Ова се потврдува кај секоја од 63те клиенки со кои досега сум работела на тема семејни односи. Затоа, ги здруживме умовите и искуствата со Данче Азманова Мирчевска https://www.linkedin.com/in/dancheazmanova/ и го создадовме курсот „Што навистина значи мир во куќа - и како се гради“. https://rosberi.mk/courses/shto-navistina-znachi-mir-vo-kukja-i-kako-se-gradi


Во помалку од 100 минути ќе научиш како:

1. да препознаеш дали твоето пошироко семејство е функционално


2. Зошто старите приказни се повторуваат?


3. Зошто нашите родители тешко прифаќаат промена - и што да сториш околу тоа


4. Невидливиот механизам на контрола од системите


И +


5. Зошто мешањето на возрасните родители е толку токсично


ree

Па ако сакаш да дознаеш што се случува кога генерациските улоги се мешаат и зошто има немири кога љубовта преминува во контрола, 👉пријави се тука!


За истата цена добиваш и 4 индивидуални вежби кои може да те освестат за динамиките во твоето семејство, како и насоки - што можеш да преземеш веднаш за да ги разбиеш истите ситуации кои само се повторуваат. 


👉пријави се тука! Или пиши ми на Инстаграм https://www.instagram.com/domasolea/ за повеќе детали.

bottom of page