top of page

ДАРИГО ЕДУ: Кои се придобивките од детските креативни работилници?


1. Развој на фината моторика

Активности како лепење, сечење, боење, гмечење и градење помагаат децата да ги развијат мускулите на рацете, координацијата око-рака и подготвеноста за пишување.


2. Поттик на креативноста

Создавање уметнички дела, работа со бои, природни материјали или музика им помага да размислуваат слободно, да истражуваат и да ја градат својата фантазија.


3. Стимулација на мозочниот развој

Квалитетната игра го поттикнува јазичниот развој, логичкото размислување, внимание, меморија и решавање проблеми.



4. Развивање на социјални вештини

Во група, децата учат:

  • да чекаат ред

  • да споделуваат

  • да соработуваат

  • да препознаваат туѓи емоции (емпатија)


Ова е особено важно во најрана возраст.


 5. Емоционален развој

Работилниците им помагаат децата да ги изразат емоциите преку игра и креативност. Се чувствуваат прифатено, слушнато и сигурно.


6. Поттик на јазикот и комуникацијата

Децата го збогатуваат вокабуларот, учат да слушаат, да одговараат и да разбираат инструкции. Дури и оние кои не зборуваат многу – комуницираат со гестови, звук, показување.


 7. Развој на самодоверба

Кога ќе создадат нешто свое и ќе добијат пофалба, расте нивната самодоверба, храброст и мотивација.


 8. Развој на грубата моторика

Многу работилници вклучуваат движење: танц, полигон, игра со топки, што помага за баланс, координација и сила.


 9. Запознавање со светот околу нив

Работилниците може да вклучат теми од природа, животни, култура, годишни времиња… Децата учат преку конкретни и интересни активности.


10. Подготовка за градинка/училиште

Децата навикнуваат:

  • да следат рутина

  • да седат кратко време

  • да слушаат правила

  • да работат во група


Ова многу ја олеснува адаптацијата.


Работилниците за деца од најмала возраст носат големи развојни придобивки – од моторика и креативност, до социјални и емоционални вештини.


Нашите работилници се осмислени со многу љубов, затоа секој час е исполнет со топла атмосфера, поддршка и многу забава. Децата секогаш излегуваат насмеани и исполнети.

Нашите работилници ги  водат дефектолог или студенти по дефектологија, обучени да препознаат што му е потребно на секое дете и да го поттикнат неговиот развој на најдобар начин.


Секоја активност е внимателно креирана за активирање на сите сетила – слушање, гледање, допирање, движење и истражување. Така децата учат преку искуство, игра и радост.

Со нас, секое дете ужива, учи и напредува во свое темпо.


073 200 134

bottom of page