101 начин да ја смениме состојбата кај децата (и кај себе!)
- Кидо Медо

- 3 days ago
- 2 min read
МАПАТА НЕ Е ТЕРИТОРИЈАТА
Има денови кога светот изгледа сив, а има денови кога истиот тој свет блеска. И ништо не се сменило, истото небо, истата работа, истите луѓе. Се сменило само нашето подесување.
Во NLP (НевроЛингвистичко Програмирање или Навистина Лесна Промена) тоа го нарекуваме состојба, начинот на кој мислиме, чувствуваме и се движиме во моментот. А состојбата во која сме е токму клучниот дел од аксиомата „Мапата не е територијата“. Нашата мапа на светот не е самата реалност, туку начинот на кој ја гледаме, и тој начин зависи од состојбата во која се наоѓаме.
Кога сме вознемирени, исплашени или уморни, мапата е замаглена. Се гледаат само препреки, закани и тешкотии. Но, кога сме во добра состојба, смирени, благодарни и присутни, мапата станува поширока, појасна, со повеќе избори и можности.
Токму ова сознание беше и мојата инспирација за книгата #Благодарам – книга што го потсетува и детето и возрасниот дека благодарноста не е само убав збор, туку начин на гледање. Кога гледаме низ очите на благодарноста, се менува целата мапа.
КОГА ТЕЛОТО И УМОТ СЕ СПРИЈАТЕЛАТ
Втората аксиома вели: Телото и умот се делови од еден ист систем.Состојбата не се менува само со мисли.Се менува со телото, со движењето, со здивот, со фокусот.
И токму затоа – кога ќе му помогнеме на телото да се смири, се смирува и умот.Кога ќе му дадеме енергија, се буди и креативноста.Кога ќе го раздвижиме телото – се шири и перспективата.
ОД 30 ДО 101 ЏОКЕРИ
Во играта #КакоМОЖЕ има 30 џокери за промена на состојбата.Во овој блог, ќе најдеш 101 начин – едноставен, игрив, понекогаш смешен, но секогаш корисен – со кој можеш да ја смениш состојбата кај себе, кај своето дете, или кај цело семејство.
Некои ќе те насмеат, некои ќе те раздвижат, некои ќе те потсетат да…Пробај ги. Избери си омилени. Направи си #ЛиченИЗБОР за промена на состојбата од лепезата на понудени можности. Научи го и своето дете како да препознае кога му е време за промена. Зашто состојбата е како радио-станица – сигналот постои, само треба да го наместиш на фреквенцијата што ти треба.
Каде да го симнеш материјалот „101 идеи за промена на состојбата“
Материјалот моментално е достапен за преземање на мојот Substack.Доколку го читаш овој текст подоцна, можно е документот да е преместен во библиотеката на #КЛУБзаРодители, но на истиот тој линк, секогаш ќе најдеш кратка порака со насока каде може да го добиеш.
Линк за преземање: https://licenizbor.substack.com/p/101
Сакаш уште вакви ресурси?
Во #КЛУБзаРодители, секој месец добиваш – покрај веќе големата библиотека полна со слични алатки, игри, работни листови, предавања, интерактивни материјали кои ќе ти помогнат во воспитувањето на самостојно, самоуверено, љубопитно и резилиентно дете.
Повеќе детали за #КЛУБзаРодители: https://subscribepage.io/LlDgai
До 28 ноември (петок) на линкот за преземање е дел од поширока понуда, ѕирни.




