„Најдоброто од мене“ од авторката Катерина Дунимаглоска (Кејt House)
- Кидо Медо

- Oct 22
- 1 min read
Во секое дете постои искра, нежна, светла и неповторлива.
Мојата мисија, како основач на Kejt House, е токму таа искра да ја разгориме заедно.

Јас сум Кети Дунимаглоска, едукатор, НЛП тренер и човек кој верува дека вистинскиот успех започнува одвнатре, со љубов, со свесност и со вера во себе.
Во Kejt House секој ден ја живееме таа мисија создавајќи програми и работилници што ги учат децата како да размислуваат позитивно, да ја препознаваат својата вредност и да градат самодоверба што трае цел живот.
Преку НЛП техники прилагодени за деца, ги поддржуваме да развијат емоционална интелигенција, јасна комуникација, благодарност и лична одговорност – темели на животниот успех.
Од сета таа работа со деца, љубов и инспирација се роди книгата „Најдоброто од мене“.
Оваа книга е водич, пријател и огледало што им помага на децата да го откријат своето внатрешно богатство, да ја негуваат љубовта и да веруваат дека секој ден можат да бидат подобра верзија од себе.
„Најдоброто од мене ја негува љубовта“ затоа што кога растеме со љубов, растеме со сила. Во неа ќе најдете вежби, прашања за размислување и инспиративни мисли што ги поттикнуваат децата да размислуваат, чувствуваат и дејствуваат од своето срце.
Во Kejt House веруваме дека секое дете заслужува да расте во средина каде љубовта и свесноста се начин на живот.
Со оваа книга го правиме токму тоа чекор по чекор, со љубов и инспирација.
Со љубов Кејт од Kejt House









