Кога хартиените торти стануваат многу повеќе од декорација - стануваат спомен кој останува
- Кидо Медо

- Oct 22
- 2 min read
Се сеќавам на деновите пред првиот роденден на моето најмало детенце, деновите пред првиот роденден на мојата Ана.
Во тоа време таа сѐ уште не одеше во градинка, но мама (јас) сакаше да подготови нешто посебно. Како и секоја мајка, активно се пуштив во потрага да најдам интересни кутии, кои би можеле да ги искористиме за големата прва роденденска забава. Но потрагата се вртеше во круг, без успех.
Што и најдев не беше токму она што го замислував. Во тоа време завршував едукација за графички дизајн и подготвена со основни познавања решив самата, барем да се обидам да искреирам нешто што од една страна ќе го има мојот личен печат, но најважно да биде интересно пред сѐ за детски рачиња и очиња, но и едукативно, забавно и малку засладено.
Така се роди „Спакувај ме“ а потоа и моите омилени реченици: „Торти кои траат“ и „Пакуваме радост“.

Јас сум Јана, мајка на три деца, жена која секој ден се обидува да го најде совршениот баланс меѓу семејството, домашните обврски и креативниот хаос во мојата мала работилница. Тука сме насочени кон креирање на уникатни, естетски и едукативни изработки за детски родендени и прослави, со фокус на изработка на персонализирани хартиени торти и кутии во пастелни бои и илустрации со водена техника секогаш кога темата го дозволува тоа.
„Спакувај ме“ нуди иновативен пристап преку комбинирање радост и игра, нудејќи производи кои не само што ги разубавуваат роденденските прослави, туку и го поддржуваат детскиот развој преку креативни и едукативни активности како опција за полнење на кутивчињата. Ако пред една година започнав со основни триаголни форми за изработка на кружна хартиена торта во еден, два или три реда, денес палетата на изработки се проширува секојдневно.
Доколку треба да одвојам еден производ кој ме оддвои од толпата тоа би биле кутивчињата со боенки и боички, со дизајн изработен индивидуално за секој клиент, со 4 боенки и 4 дрвени боички како составен дел на кутијата кои се одлична забава за најмалечките.
За поголемите дечиња на училишна возраст, боенките ги заменуваме и со најразлични активности како лавиринт, поврзи ги точки, поврзување на збор со сликичка па дури и лесни математики задачи повторно во склад со темата за дури и математиката да стане забавна 🙂

Ве поканувам на инстаграм профилот @spakuvajmee, да се запознаеме со paper crafting и потенцијалот за развој на вештини и фина моторика при работа со хартија.
Таму може да ги видите сите изработки, досега направени и сите идни активности кои следат.
Една мајка ми рече: „Ова е најдрагиот спомен од роденденот на син ми – не можевме да ја фрлиме кутијата, ја чуваме дома!“
Токму тие моменти ми потврдуваат дека „Спакувај ме“ не создава само производи, туку спомени кои траат.
Во пресрет на празниците кои доаѓаат, на овој ЛИНК можете да најдете писмо до Дедо Мраз кое може да си го испечатите и заедно со вашите дечиња да го пополните и испратите до далечната Лапонија.









