Интервју: Како "Subway Arena" создадоа нова ера на забава со европска топ-технологија и архитектура
- Кидо Медо

- Oct 22
- 5 min read
Ако сте во потрага по автентично место кое нуди многу повеќе од обична игра, денес ве носиме во „Subway Arena“. Овој ласер таг центар не е само новост, туку и вистинска атракција која, благодарение на врвната опрема од најголемиот европски производител и уникатниот архитектонски дизајн, ја позиционираше Македонија на светската мапа на центри за ласер таг.
Во овој разговор, ќе влеземе зад сцената и ќе откриеме како се родила визијата за ваков динамичен и модерен простор. Основачите ќе ни раскажат како успеале да создадат искуство кое е идеално бегство од виртуелниот свет, нудејќи им на децата и младите (над 8 години) реална интеракција, спортска активност и развој на стратешки вештини.
Дознајте зошто „Subway Arena“ гарантира 100% безбедност, како преку играта се поттикнуваат тимскиот дух и брзото размислување, и што е тоа уникатно што го добива секој што ќе го прослави роденденот токму овде.

Kaко дојдовте до идејата за ваков динамичен и модерен тип на место, и што конкретно го прави вашето искуство неповторливо?
Секогаш кога патуваме во странство, бараме интересни места за фамилијарна забава. Генерално во Скопје на жал има многу мал избор на забава за млади, млади по возраст и млади во духот и деца кои ја надминале возраста на посета на игротека, а таа забава да биде бегство од виртуелиот свет и светот пред екраните. Ласер таг забавата не е нова на светско ниво, но е нова на македонскиот пазар, особено со типот на опрема кој нашиот центар го нуди, опрема од најголемиот европски производител, опрема која ја вброи Македонија на светската мапа на ласер таг центри, рамо до рамо со Германија, Шпанија, Мексико и бројни други.
Што е уникатното искуство што го добива детето кога ќе го прослави роденденот токму кај вас и дали преку играта се поттикнуваат други вештини?
Ласер таг играта по својата динамика и начин на игра претставува спортско-рекреативна активност. Истражувањата покажале поголем број на бенефити особено врз детскиот развој преку ласер таг играта. Ласер таг играта ја подобрува координацијата и перцепцијата за просторот, одржувајќи ги децата активни и балансирани. Соработката и комуникацијата се клучни во ласер таг играта, на ваков начин децата учат за тимска работа и си ги подобруваат интерперсоналните способности. Како стратегиска игра ласер тагот ги потикнува децата да размислуваат брзо, да ги предвидуваат чекорите на противниците и да носат одлуки.. Во текот на играта се зголемува лачењето на адреналин што придонесува за подобро расположение и благостојба на организмот. Но она што можеби ова ново темпо на живот ни го наметнува, ласер таг играта обезбедува бегство од виртуелниот свет, детство базирано на реален контакт со другарчињата, смеа, натпревар и лична комуникација.
Кажете ни нешто повеќе за технологијата како местото и опремата креираат вистинска, извонредна авантура која ги воодушевува децата?
Навистина во процесот на создавање на бизнис планот, предзвик беше да се обезбедат податоци и да се купи квалитетна опрема, но и да се обезбеди простор кој ќе ги задоволи стандардите за ласер таг игра. Овој тип на игра бара поголем простор дизајниран за секој учесник да му обезбеди услови за целосно искуство. Среќни сме што и на двете полиња, донесовме добри одлуки. Ласер таг опремата е од најголемиот светски производител на ваков вид на опрема, произведен во Европа и со европски стандарди, просторот е целосно дизајниран од еден од сопствениците на Subway Arena, кој по вокација е архитект со искуство над 20 години во проектирање на комплексни простори и внатрешно уредување, секој материјал и изработка е добро осмислен и имплементиран, сето ова нуди дупло задоволство, уникатно место со безбедносен предзнак.
Безбедноста е примарна грижа за секој родител. Како се осигурувате дека арената и опремата се 100% безбедни (со акцент на бесконтактната природа и инфрацрвените зраци)?
Во претходните одговори веќе ја начнав оваа тема. Во однос на безбедноста на самата опрема, само како пример ќе наведам дека опремата поседува безбедносен сертификат на повеќе од 40 страни, секој еден елемент, копче, внатрешен и надворешен материјал е тестиран и оценуван согласно европските стандарди. Зашто во повеќе наврати напоменувам Европски стандарди, бидејќи знаете дека Европската Унија има сериозни лабаратории кои ја тестираат безбедноста на производите, особено оние наменети за најмладата популација. Па ако оваа опрема е безбедна и ја поседуваат цeнтри во Белгија, Естонија, Германија, Шпанија, Италија..... па дури и во Канада, УСА, Мексико, самите читатели нека ја оценат безбедноста на нашата технологија. Во однос на просторот и одвивањето на играта, ласер тагот е целосно безконтактен спорт и целосно безбеден за сите учесници.
На која возраст сметате дека е најсоодветно да се биде дел од laser tag, и дали нудите различни сценарија/нивоа на игра?
Нашиот центар започнува со давање на услуги од 8 годишна возраст па нагоре или потребна висина на играч 130 см. Нашиот систем обезбедува сценарија на игра кои по својата комплексност се од основно/детско ниво до професионални сценарија кои се употребуваат на светските шампионати на ласер таг игра. Иако можностите наши се големи, капацитетот на користење во моментов е основен, од причина што поголемиот број на посетители немаат поголеми квалификации за игра со потешки услови, па скоро сите се одлучуваат за примарното ниво на игра – бесконечен број на животи и куршуми, со ефикасност при погодок помал од 3 %.
Имајќи предвид дека играта бара брзина и прецизност, кој е попрецизен во играта момчињата или девојчињата?
Навистина интересно поставено прашање, да не ни замерат момчињата, но сепак досега подобри резултати остваруваат девојките.

Како изгледа типичен роденденски пакет кај вас?
Тука би сакала да потенцирам дека нашиот простор, технологија, тип на игра, па и нашата визија е да се обезбедиме едно поинакво искуство на роденден. Акцентот секогаш е ставен на играта, тоа е и нашата основна дејност. Среќата на децата, будењето на нивниот натпреварувачки дух, особено борбата на момчиња против девојчиња е магична и секогаш обезбедува добра атмосфера. Секој придружен елемент, пијалок и закуска е само пропратен елемент, на ласер таг играта. Верувајте децата кај нас не се дојдени за да пијат и јадат, бидејќи тоа можат да го имаат секаде, но ласер таг магијата не можат да ја искусат на друго место, затоа и нашите родендени се посебни и ориентирани кон децата.

Дали постои минимален или максимален број на учесници за една игра, и колку унапред треба да се резервира термин за да се добие саканиот датум?
Како тимска игра, правилото e колку повеќе толку подобро, нашиот простор е дизајниран во исто време да играат два тима од по 10 играчи или вкупно 20, а доколку се пријавени повеќе играчи тогаш се организира натпревар врз основа на освоените индивидуални, но и тимски резултати. Во однос пак на термините навистина нема правила, некогаш термин може да се обезбеди од денес до утре, но некогаш посакуваниот термин може да биде зафатен и три месеци однапред. Во секој случај наш совет е доколку е значајно роденденот да се прослави на посакуваната дата и да не се поместува понапред или поназад, а за да се има можност за бирање на времето резервацијата да биде некој оптимален период од месец дена однапред.
Детали за контакт:
📞070 273 570 и 072 304 037









