Зошто е важно децата од најрана возраст да бидат изложени на странски јазици? (Little Language Learners by Filos)
- Кидо Медо

- Oct 24
- 2 min read
Мали чекори, големи зборови
Во првите години од животот, децата се вистински истражувачи на светот. Секој звук, збор, допир и движење што го доживуваат им помага да го разберат светот околу себе. Токму затоа, изложеноста на странски јазици и стимулирачка средина богата со игра и креативност е еден од најубавите начини да се поттикне нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој.

Растење со различни јазици и култури
Во градинката „Little Language Learners by Filos“, децата растат во богата, повеќејазична и мултикултурна средина, каде македонскиот и странските јазик се испреплетуваат природно во секојдневната комуникација, песните, играта и учењето. Покрај тоа, тие секојдневно се запознаваат со различни култури, празници и традиции, што им помага уште од најмала возраст да ја почувствуваат убавината на различностите. Изложеноста на повеќе јазици и култури во најраната возраст:
ја зголемува емпатијата – децата учат да ги разбираат и прифаќаат луѓето кои се различни од нив;
jа јакне емоционалната интелигенција – развиваат чувствителност, сочувство и способност за тимска работа;
го подобрува когнитивниот развој – двојазичните деца имаат подобра концентрација, флексибилно размислување и побрзо решаваат проблеми;
ја поттикнува љубопитноста и отвореноста кон светот.
Во суштина, јазиците и културите не се само зборови и обичаи, тие се мостови кон разбирање, пријателство и мудрост.
Развој на моториката и креативноста преку игра со глина
Во нашата градинка, учењето не завршува со зборови раце, ум и имагинација работат заедно! Активностите како Jumping Clay (игра и моделирање со глина) се вистинска магија за детскиот развој.
Кога децата ја обликуваат глината:
ги вежбаат финиот и грубиот моторен развој;
ја подобруваат координацијата меѓу раката и окото;
учат трпение, внимание и креативно размислување;
ја градат својата самодоверба преку чувството на создавање и успех.
Она што е особено важно е дека координацијата на прстите и рацете директно влијае на координацијата на целото тело. Кога детето учи да прави прецизни движења со прстите, да притисне, свитка или обликува глина тоа истовремено ги тренира мозочните центри задолжени за рамнотежа, внимание и контрола на големите движења.

Со други зборови, малите движења на рацете помагаат телото да стане постабилно, поусогласено и поспремно за сите други активности: трчање, скокање, танцување и спорт. Овие активности не само што поттикнуваат креативност, туку го подготвуваат детето за подоцнежни вештини како пишување, концентрација и решавање на задачи. А најубаво од сè е што секое дете низ оваа игра чувствува радост, гордост и љубов кон создавањето.
Место каде децата растат со љубов, знаење и почит
Во „Little Language Learners by Filos“, веруваме дека секое дете е посебен свет. Со стручен и посветен кадар, настава по акредитирана меѓународна програма EAQUALS (United Kingdom), Jumping Clay активности, спорт и зелени игри, како и здрави, балансирани оброци, создадовме средина во која секој ден е ново откритие.
Тука децата не само што учат јазици, туку и растат во дух на прифаќање, љубопитност и емпатија вредности што остануваат за цел живот.
Во срцето на Скопје!
Контакт: 070 814 331 / 077 726 931 www.filoskindergarten.mk















