Tinker Labs - Божиќни работилници
- Кидо Медо

- 4 days ago
- 2 min read
Една од најубавите корпоративни традиции во декември е создавањето празнични моменти што ги спојуваат вработените и нивните семејства.
Сè повеќе компании ја препознаваат вредноста на ваквите активности – настани што не се само формалност, туку можност за поттикнување чувство на припадност и грижа.

Во таа насока, Tinker Labs – Капиштец се издвојува како центар кој нуди професионално организирани новогодишни креативни работилници, специјално наменети за децата на вработените во компании и корпорации. Како лиценцирана STEAM франшиза, Tinker Labs – Капиштец веќе со години создава внимателно дизајнирани активности што ги поттикнуваат креативноста, моторниот развој и радоста од изработување сопствени проекти. Новогодишните работилници што ги организира Tinker Labs се целосно прилагодени на корпоративниот контекст – и содржински и организациски. Станува збор за празнични работилници на кои децата изработуваат новогодишни украси, декоративни проекти или тематски сувенири.
Активностите се осмислени така што ги развиваат концентрацијата и самостојноста, но истовремено им овозможуваат на децата да уживаат во волшебната атмосфера на празниците. Компаниите што соработуваат со Tinker Labs – Капиштец добиваат целосно организиран креативен настан, воден од лиценцирани инструктори со искуство во работа со различни возрасни групи. Ова им овозможува на родителите да бидат дел од корпоративниот настан без грижа, знаејќи дека нивните деца поминуваат квалитетно време под професионален надзор. Особено привлечна е и можноста за флексибилна организација. Работилниците може да се одржат во просториите на компанијата или во центарот на Tinker Labs – Капиштец, а содржината се прилагодува според бројот на деца и нивната возраст.
Како дополнителна придобивка, Tinker Labs – Капиштец воведува специјален корпоративен бенефит: компаниите кои ќе одлучат да организираат новогодишна работилница за нивните деца во центарот, ќе добијат 20% попуст за идни уписи на деца во редовните Tinker Labs програми, како и попуст за роденденски прослави во Tinker Labs – Капиштец за децата на своите вработени.
Оваа можност претставува одличен начин компаниите да им понудат дополнителна вредност на своите вработени и нивните деца – не само во текот на празниците, туку и во текот на целата година.

📞070 992 000



