Kids Escape Room родендени: Најчесто поставувани прашања од родители
- Кидо Медо

- Feb 18
- 2 min read
Родендените во Kids Escape Room се поинаков концепт од класичните прослави, па затоа е сосема нормално родителите да имаат многу прашања пред да резервираат. Подолу се најчестите прашања што ги добиваме и одговори кои ќе ти помогнат да одлучиш дали ова е вистинскиот избор за твоето дете.
1. За која возраст е наменет Kids Escape Room?
Kids Escape Room е најсоодветен за деца од 6 до 13 години, бидејќи игрите се осмислени така што се доволно интересни и интерактивни, но и разбирливи за оваа возраст.
2. Дали игрите се премногу тешки?
Не. Загатките се дизајнирани да бидат предизвикувачки, но забавни. Децата добиваат насоки кога е потребно, така што не се чувствуваат заглавени или фрустрирани.
3. Дали е безбедно?
Да. Просториите се контролирани, собите не се заклучени, и нема страшни елементи, а играта е водена од тим кој постојано следи што се случува. Родителите можат да бидат спокојни дека сè е под контрола.
4. Дали родителите се присутни на роденденот?
Во нашите простории нема простор за родители, меѓутоа имаме тим кој што постојано се грижи за децата и внимава на сите ситуации. Родителите на славеникот можат да останат присутни, но можат и да одвојат време за нивни обрски или ужување.
5. Што ако некое дете е срамежливо или не сака веднаш да се вклучи?
Ова е честа ситуација. Тимот знае како да ги мотивира децата постепено и да им даде улога која ќе им биде пријатна, без притисок.
6. Што ако има деца со многу енергија и групата стане „хаотична“?
Escape room форматот природно ја насочува енергијата во задача и тимска цел. Дополнително, гејм мастерите ја контролираат динамиката и ја одржуваат структурата.
7. Колку деца се препорачува да има во собите или пак на целиот роденден?
Во собите препораката е да нема повеќе од 10 деца, за да може да се гарантира оптимална игра и учество на сите деца. До 35 деца можеме да гарантираме успешен и квалитетен роденден.
8. Што е „all-inclusive“ роденден?
All-inclusive пакетот е опција каде што родителите добиваат целосно организирана прослава, вклучително и роденденска торта. На денот на роденденот, родителот практично само ги донесува децата.
9. Колку време трае роденденот?
Времетраењето на еден роденден е 2 часа и прославата е доволно долга за децата да ја доживеат авантурата и да имаат време за роденденскиот дел.
Ако бараш роденден што е различен, организиран и незаборавен, Kids Escape Room е концепт кој им нуди возбуда на децата и мир на родителите.

📞070 416 100









