top of page

НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Неокортекс е центар за ментално здравје кој нуди стручна психолошка поддршка за деца, адолесценти и возрасни. Работиме со индивидуи, партнери, семејства и компании, со фокус на здрав психо-емоционален развој, стабилност, подобар квалитет на живот, како и развој на личните и професионалните потенцијали.


Нашиот тим е составен од обучени психолози и психотерапевти со искуство во работа со различни возрасни категории и предизвици, обезбедувајќи индивидуализиран пристап прилагоден на потребите на секој клиент.


Нашите услуги вклучуваат:


-Психолошко советување и психотерапија (индивидуални, партнерски и семејни сесии)

-Психолошка поддршка на деца, адолесценти и возрасни

-Поддршка при стрес, анксиозност, траума и животни промени и предизвици

-Стручна работа базирана на повеќе психотераписки пристапи: семејна-системска терапија, гешталт, психодрама, трансакциона анализа и ЕМДР

-Психоедукативни програми, обуки и работилници за личен и професионален развој


Нашата работа се темели на научно засновани пристапи, етички стандарди и континуирана професионална надградба, со цел да обезбедиме сигурна, доверлива и квалитетна поддршка за секој клиент и семејство.

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg
bottom of page