Музичко училиште - MusicLab
MusicLab е ново место во градот кое посветено работи на својата мисија во градење на идни музичари и артисти.
Раководено од искусни професори, педагози и артисти од музичката сцена, MusicLab е училиште кое гради нова методологија која ја прифаќа и вклучува модерната технологија како алатка која значително го олеснува и забрзува процесот на изучување инструмент.
Нашата организација еднакво вредно работи во обука, но и развивање на сцена за младите артисти, нивно промовирање и насочување со цел да се изгради траен позитивен траг и влијание во музичката индустрија, култура и сцена.
Веруваме во процесот, веруваме во младите, веруваме во свет со вредности.
MusicLab - Creating Future Artist

Работно време:
Понеделник - петок: 12:00 - 21:00
📞 078 328-145
1. Аеродром: бул. Јане Сандански бр.79А (веднаш до Capitol Mall)
2. Тафталиџе: ул. Прашка бр.23 (веднаш до NOVA International School)










