top of page

Студио за танц Абстракт

Ние сме студио за танц Абстракт.


Нашата мисија и визија за студиото е да создадеме простор каде децата ќе ја го изучуваат танцот и ќе можат да ги користат истите алатки за понатаму и сами да креираат уметност.


Започнавме со хип хоп затоа што јас Александар Неделковски - сопственикот на студиото сум хип хоп танчер и инструктор по хип хоп веќе 15 години и сум работел за повеќе студиа во Македонија. Од таму, а и од многу интернационални танц настани и семинари собрав искуство и решив да го преточам во тоа што е денес студиото, а тоа е еден простор во кој секое дете може да се пронајде.


Работиме на основни техники за држење на тело, флексибилност, музикалност, координација, ориентација во простор, тимска работа, базични елементи во хип хоп танцот и основни чекори кои се важни во хип хоп културата.

Сето ова потоа се преточува во кореографии со кои настапуваме низ цел Балкан и се трудиме да ја рашириме хип хоп културата.


Саботите и неделите нашиот простор го претвораме во најкул место за незаборавни роденденски забави во хип хоп стил.

Следете не' на www.instagram.com/abstract_birthday_beats/

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg
bottom of page