Шотокан карате-до клуб Јошитака - Скопје

Најстариот карате клуб во Македонија.
Специјализиран шотокан карате-до клуб кој работи од 1967 година и создава квалитетни натпреварувачи, кои низ годините се дел од карате репрезентацијата и ја представуваат државата на натпревари од највисок ранк.
Нашиот тренерски тим е целосно посветен на тренажниот процес. Врз основа на однапред испланирана програма, и со индивидуален пристап, тренерскиот тим наоѓа начин како да дојде до најдобри резултати кај сите. Програмата опфаќа подготовки за полагање за појаси, како и подготовки за посета на натпревари, со цел градење самодоверба и натпреварувачки карактер.
Преку програмата се работи на градење на карактерот на децата, подобрување на концентрацијата, дисциплината и севкупната физичка подготвеност, самоодбрана и самоконтрола. Основните принципи на кои се заснова работата во клубот се почитувањето, лојалноста, стремежот кон станување подобри луѓе и воздржувањето од насилно однесување.
071 308 434 и 071 209 050
skkc.yoshitaka@yahoo.com
Термини за тренинзи:
Доџо Златната генерација, Кисела Вода: вторник, среда и петок од 18-22 часот
Хонбу доџо Партизан 3 Орце Николов, Градски парк: понеделник и четврток од 19:30-22:00 и сабота од 17:00-20:00 часот.
Индивидуални тренинзи по договор.







