Дома со Леа
Дома со Леа е место каде што жените добиваат поддршка да живеат со повеќе јасност, мир и радост. Со над 200 сесии зад себе, како семеен системски советник им помагам на мајки, парови и цели семејства да ги препознаат обрасците што им ја нарушуваат блискоста и да изградат здрави и сложни односи На мојот вебсајт ќе најдеш и блог со вистински приказни, како и бесплатни ресурси - картички со 88 прашања за парови и вебинарот Инстабаланс.
За оние што сакаат повеќе слобода во работат, заедно со Working Mom подготвивме 24-неделен курс за фриленсерки со менторска поддршка една-на-една. А за личен раст и заедништво, тука е клубот „Добра година“, месечен круг на жени што споделуваат, учат и растат заедно.
И годинава сум дел од Конференцијата за свесно родителство по четврти пат и ќе зборувам за бабите и дедовците како наши сојузници, а не соперници. Со секоја карта купена преку мене добиваш интерактивен прирачник за комуникација со баби и дедовци + 2 бесплатни 60-минутни онлајн сесии по твој избор.

077 859 706







