Прстињата служат за креирање а не за скролање!
- Кидо Медо

- Jun 23
- 2 min read
Дали сте забележале како децата можат со часови да го истражуваат светот околу себе со своите раце, но штом ќе дојдат до телефон или таблет стануваат отсутни?
Време е да ги тргнеме телефоните и таблетите на страна и да ги вклучиме нивните креативни умови! Во денешното дигитално време нашата мисија е едноставна: Учиме да креираме, а не да конзумираме!
Зошто токму „Оревче“?
Многумина не прашуваат како го одбравме името.
Зад едукативно-креативниот центар Оревче стои една симболична приказна во 3 дела:
1. Природата пред нашите врати: Пред нашата училница сенка ни прави едно прекрасно големо дрво орев. Како што оревовото дрво е најквалитетно за изработка на цврст мебел и декорации, така и ние веруваме во градење цврсти квалитетни вредности кај децата.
2. Храна за умот: Сите знаеме дека оревите се здрави за развој на мозокот, а нашата цел е токму тоа – да ги развиваме мозочињата на децата да размислуваат креативно, да мислат логично и да фантазираат.
3. Самиот плод орев личи на мозок, исто како и логото што со гордост го носиме.

Што ја прави нашата методологија поинаква?
Во „Oревче“ ние не ги тераме децата да учат правила на памет. Ние создаваме средина каде што тие сами доаѓаат до заклучоци преку внимателно осмислени активности. Нашата програма се базира на два клучни столба:
- Сетилна интеграција: преку работа со разни текстури, материјали, бои и облици им помагаме на децата да ги процесираат информациите. Ова е основата за правилен когнитивен и емоционален развој.
-Brain Gym (гимнастика за мозокот) специјални вежби за координација и движење кои ги активираат двете мозожни хемисфери. Резултатот? Поголема концентрација, подобра меморија и полесно совладување на јазични и логички вештини.
Нашите програми се внимателно дизајнирани за секоја фаза од детскиот развој.
Без разлика дали вашето дете штотуку го открива светот или се подготвува за училишните клупи, во Оревче имаме соодветна патека за неговиот раст:
- Ран развој: програма посветена за најмалите (3-5год) насочена кон стимулација на сетилата, развој на моториката, говорот и социјализација преку игра.
-Подготовка за прваче: Преминот во училиште може да биде лесен и забавен!
Преку иновативни методи, кај идните првачиња развиваме логичко размислување, концентрација и емоционална подготвеност за новиот почеток. А за оние што веќе се првачиња им помагаме во читањето и пишувањето.
-Клуб за англиски јазик: Учењето нов јазик е најефикасно кога се случува природно. Во нашиот клуб децата го совладуваат јазикот преку интерактивни игри, пеење, глума и друштвени игри.
-Клуб за читање: развиваме љубов кон пишаниот збор од најмала возраст, читаме и разговараме за приказните, правиме кретивни изработки и го збогатуваме речникот.
- Музичка работилница со флејта каде што преку свирењето децата развиваат чувство за ритам, правилно дишење но и трпението и фокусот.
- Кретивни работилници преку цртање, вајање, плетење и рачни изработки (hands-on learning) децата го изразуваат својот внатрешен свет и си ја градат самодовербата.
Секое дете има свој уникатен потенцијал а нашата цел не е само да пренесеме знаење, туку да изградиме среќни, љубопитни и сигурни во себе дечиња. Преку практична работа тие учат како да размислуваат критички, како да соработуваат и како да ги изразат своите емоции.
078654511









