Игротеката Лоло Кидс е подготвена да добие нов сопственик
- Кидо Медо

- Oct 23
- 2 min read
По неколку месеци исполнети со детска смеа, магични родендени и бескрајна радост, сакаме да споделиме една важна вест: игротеката Лоло Кидс е подготвена да добие нов сопственик кој ќе ја продолжи приказната со иста љубов, ентузијазам и свежа енергија.

Каде сè започна?
Отворена во март оваа година, Лоло Кидс за кусо време стана многу повеќе од обична игротека. Стана омилено катче за прослава на најважните денови, за спонтана игра и забава. Се наоѓааат во срцето на градот, во престижната локација Адора Флатирон во општина Кисела Вода, што им овозможи да станат место каде секој ден одекнува детска радост и креативност.
За само неколку месеци успеаa да постигнaт неверојатни резултати:
Организирани се над 70 родендени
Над 1.500 деца и родители го посетиле просторот, создавајќи незаборавни семејни моменти.
Остварени се повеќе од 10 успешни соработки со локални компании и брендови, проширувајќи ја нивната мисија и влијание во заедницата.
Идеална можност за почеток (или продолжување) на вашата претприемничка бајка!
Лоло Кидс не е само простор, туку веќе целосно развиен и профитабилен бизнис.
Ве чекаат:
Современ и целосно безбеден простор: Дизајниран според највисоките стандарди за детска игра.
Комплетна опрема: Сè што ви е потребно за веднаш да започнете со работа од елементи за игра до организациска поставеност.
Изградена репутација и лојална клиентела: Нема потреба да започнувате од нула, клиентите веќе знаат каде да дојдат за најдобра прослава.
Одлична локација: Позицијата во Адора Флатирон обезбедува постојан проток на посетители и висока видливост.
Потенцијал за раст
Веруваме дека ова е идеалната можност за секој кој отсекогаш сонувал да биде сопственик на игротека. Со веќе поставените темели, новиот сопственик добива не само бизнис, туку и огромен потенцијал за раст: проширување на програмите (работилници, школи), зголемување на бројот на соработки и воведување нови, иновативни концепти за забава.
Нов сопственик, нова енергија но истата мисија: да се создаваат најубавите детски спомени.
Доколку сте подготвени да станете новиот чувар на ова волшебно катче и да ја продолжите мисијата за ширење на детската радост, ве покануваме да се јавите на 📞070 280 790.












