top of page

Голем успех за училишниот оркестар на ООУ "Свети Јоаким Крчовски" - Крива Паланка на меѓународен музички фестивал во Банско

На меѓународниот музички фестивал „Утринска ѕвезда“ кој се одржа во Банско, Република Бугарија училишниот оркестар, под раководство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои второто место во конкуренција со музички ансамбли од повеќе држави. Овој резултат претставува значајно признание за талентот, континуираната работа и посветеноста на младите музичари и нивниот ментор.


Посебно признание заслужува и Михаил Митровски, ученик од класата на проф. Жулина-Митовски, кој во категоријата пијано-соло го освои второто место. Неговиот настап беше оценет како технички прецизен и инспиративен.


Фестивалот обедини талентирани музичари од најмалку пет земји:


  • Република Бугарија

  • Република Северна Македонија (претставници од Крива Паланка, Крушево, Гевгелија, Кавадарци, Скопје, Радовиш и Струмица)

  • Украина

  • Грција

  • Индонезија





bottom of page