top of page

Интернационална градинка ВИНГС

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg

Интернационална градинка WINGS – место каде детството блеска


Во WINGS веруваме дека секое дете е уникатно и заслужува грижа, внимание и простор каде што ќе расте среќно, безбедно и самоуверено. Нашата градинка се наоѓа во мирната населба Козле и нуди средина богата со љубов, игра и учење.


Работиме во мали групи на македонски јазик, со индивидуален пристап и програма што го поттикнува целосниот развој – интелектуален, физички, емоционален и социјален. Преку внимателно осмислени активности, децата учат да истражуваат, да соработуваат и да размислуваат критички – сè додека се забавуваат. Згрижуваме деца од 6 месеци до 6 години.


Имаме ограден и безбеден двор, идеален за секојдневно движење и развој на моториката. Она што нè издвојува е ексклузивниот систем за прочистување и збогатување на воздухот со кислород – што ја прави нашата градинка единствена по грижата за здравјето на децата.


Преку мобилната апликација WINGS, родителите секојдневно добиваат информации за активностите, оброците и расположението на своето дете – за спокојство додека сте на работа.

Работно време:

понеделник - петок од 07:00 - 18:00


📞071 241 578

gradinka@wings.mk

bottom of page