top of page

Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни Тимот А

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg

Тимот А е првиот центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни. Лоциран во срцето на општина Аеродром.

Тимот е составен од специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди и психолози.

Работиме со дечиња од најрана возраст, но и со адолесценти и возрасни.

Нудиме:

-развојна опсервација и проценка;

-консултација со стручно лице;

-разговор со психолог;

-родителско советување;

-советување на родители пред планирање бременост, во текот на бременоста, по раѓањето на детето, при животни промени.


Обратете ни се доколку вашето детенце е предвремено родено, доцни со физички развој или прозборување, не располага со доволен фонд на зборови, неправилно изговара гласови, има потреба од асистенција пред тргнување во училиште или асистенција при учење, пелтечи, има предизвици во читање, пишување, сметање.

Соработуваме со семејства на деца и возрасни со аутистичен спектар на нарушување, интелектуална попреченост, синдроми, афазија, пелтечење.


Достапни сме и онлајн на македонски, англиски и француски јазик.

Ве очекуваме!

Работно време

08:00 - 21:00

📞 075 317 241

timot.a.centar@gmail.com

bottom of page