top of page

Едукативен центар Научна Kујничка - Карпош

Добредојдовте во нашата "Научна Кујничка", место каде што фантазијата преминува во знаење.


Едукативната програма од областа на природните науки е развиена со основна цел за научно описменување на децата во предучилишна и рана училишна возраст, што придонесува за нивниот когнитивен развој и претставува важна основа за понатамошно надоградување низ формалното образование.


Нашиот пристап се темели на поттикнување на детската природна љубопитност и желбата за осознавање на светот околу себе. Препознавајќи го овој капацитет, тим на стручни лица од Универзитетот во Белград осмислија методологија на работа која се состои од следниве сегменти:


  • Воведување на одредени научни поими низ дискусија

  • Показни вежби со кој се поттикнува размислување на зададена тема

  • Самостојно изведување на експерименти кој се прилагодени на возрасната група

  • Логички задачи низ кој се утврдува знаењето

  • Посебно дизајнирани друштвени игри блиску поврзани со темата, низ кои игривоста добива форма на функционално знаење


Во склоп на нашиот едукативен центар, организираме интересни и едукативни роденденските забави. Преку забавна и интерактивна атмосфера, децата се дружат и учат преку игра, експериментирање и истражување – без да забележат дека учат! Експериментите се привлечни за сите деца, а по незаборавното дружење со нашиот тим гарантираме дека кај децата ќе се разбуди фантазијата и тие ќе зачекорат во светот на возбудливите научни феномени, затоа што науката може да биде навистина волшебна!

434364831_122123692340225391_2775197318828819602_n.jpg
bottom of page