
Фитнес Фабрика Џуниор
Фитнес Фабрика Џуниор е концептуално дизајниран простор исклучиво наменет за развоен и корективни детски фитнес. Развојните фази се тие кои го наметнуваат темпото и комплексноста на работењето со децата па така и се направени групите.
Кај најмалите, 4 и 5 години, акцентот е ставен на колективна игра и социјална припадност со своите врсници исто како и моторчки развој на сите основни физички особености.
Средната група на дечиња, 6 до 10 години, низ тренинг и кратки задачи работат на развој на брзина, сила, експлозивност, координација и осет за простор кои што пак елементи се основата за понатамошниот нивен спортски ангажман во било кое поле.
Најголемите пак, поголеми од 10 години, креираат основи на движења кои доколку не се ангажирани надвор од нашата сала во некој спорт имаат супер тренинг систем кој ќе им ги задоволи потребите од раст и развој.
